Џенова на домашен терен е поразена од Фиорентина. „Виолетовите“ преставуваат хит на стартот од првенството, со оглед дека освоија девет од максималните 12 бодови. Да потсетиме дека лани се бореа за опстанокот во Серија „А“.
Во првиот дел немаше голови, а во 53. минута доби шанса и Горан Пандев.
Следуваше водство на „виолетовите“ преку Сапонара, а Бонавентура донесе 0:2 во 89. минута. Во судиското надополнување Кришито само намали од пенал за конечни 1:2.