Македонската женска ракометна репрезентација не успеа да приреди изненадување во претпоследното коло во квалификациите за пласман на Европското првенство. Иако Германија дојде со младински состав, сепак и тој беше пресилен за „црвено-жолтите“м во Скопје славеше со 27-35. Поразот не ги намали шансите за пласман на континенталното натпреварување, се ќе биде познато после гостувањето кај Словенија.
Македонија на овој меч само еднаш беше во егал позиција, во 9-тата минута Сара Стефанивска донесе 4-4, по што гостите фатија ритам и само за зголемуваа предност. Прво со серија од 3-0 поведоа со 4-7, во 25-та минута на семафорот стоеја 10-18. Негативата од осум гола беше најголема која ја имаше Македонија во овој дел од мечот.
Гермснија продолжи да доминира и во следниот периодф, на средината на второто полувреме водеше со 21-29, за жал Кристијан Грчевски не успеа да постави игра која ќе донесе неизвесност.
Кипријановска имаше шест гола, Коцева и Стефановска постигнаа по 4.
Македонија патува за Словенија каде на 12 април ќе го одигра последниот меч од овие квалификации за ЕП.










