Раул Гонзалес гради силен тим: Шпански репрезентативец доаѓа во Партизан

245

Ракометниот клуб Партизан не запира во формирањето моќен тим кој сериозно би можел да ги загрози европските натпреварувања следната сезона.

Откако беше потврдено дека актуелниот српски тренер, Раул Гонзалез, ќе го преземе тимот од ова лето, црно-белите почнаа да доведуваат репрезентативци од различни земји.

Најновото засилување е шпанскиот репрезентативец Мигел Санчез-Мигалон, кој доаѓа од Бенфика.

Шпанецот, кој со репрезентацијата освои два олимписки бронзени медали (Токио 2021 и Париз 2024), како и бронза на Светското првенство (2023) и сребро на Европското првенство (2022), е четвртото засилување на црно-белите за претстојната сезона.

ПретходноОткако во Битола им ја заверија титулата, Вардар 1961 ја промени агендата!
СледноКосуке Јасухира е нов играч на ГРК Охрид за оваа сезона!