Екипата на Вардар 1961 ја оправда улогата на фаворит против Бутел Скопје во првиот меч од петтото коло во Супер-лигата. „Црвено-црните“ на домашен терен славеа со 42-27 и го продолжија маршот кон титулата. Ова беше 26-та победа за најтрофејниот ракометен колектив сезонава.
Јака Малус постигна 8 гола, Урош Митровиќ 5 гола, додека пак Милош Валах имаше 9 одбрани, една помалку запиша Васил Гогов. На другата страна Дејан Михајловиќ запиша осум голови.
После победата во градското дерби, а вчерашниот пораз на Пелистер од ГРК Охрид, Вардар испрати порака на социјалните мрежи во однос на титулата.










