„Би ги заменил петте титули во ЛШ за една со Бразил на СП!“

156
ФОТО:facebook.com/RealMadrid/

Поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и бразилската репрезентација, Марсело, се појави на Јутјуб каналот на легендата Ромарио. Во интервјуто, Бразилецот даде неколку исклучително љубопитни признанија кои предизвикаа сериозен одѕив кај фудбалските фанови.
Бразилецот не заборави да ги сподели своите спомени за еден од најтешките моменти во историјата на „Селесао“ – фаталниот пораз на Бразил од Германија во полуфиналето на Светското првенство во 2014 година. Покрај тоа, ги именуваше своите фаворити за претстојното Светско првенство.
Еден од најинтересните моменти во интервјуто се случи кога Ромарио го стави својот гостин во хипотетичка ситуација. Легендарниот напаѓач го праша Марсело дали би ги заменил своите европски клупски успеси за највредниот трофеј со репрезентацијата:
-„Дали би размениле пет титули во Лигата на шампионите со Реал Мадрид за едно Светско првенство со бразилската репрезентација?“
По куса пауза, Марсело одговори со најголема искреност:

Тоа е одлично прашање. Слушајте, ќе бидам искрен со вас… Јас би ги заменил.“

ПретходноПелистер се гордее со ноќното дерби против Вардар (ВИДЕО)
СледноГлавчев: Душко Вујошевиќ, ти благодарам за сето внимание, почит и посветеност што ни ја пружи