Борусија Дортмунд ја најде замената за Халанд

477

Ерлинг Халанд речиси сигурно ја игра последната сезона во дресот на Борусија Дортмунд. Норвежанецот е блиску до преселба во некој поголем клуб (се споменува Реал Мадрид, Челзи), а од таборот на Дортмунд веќе ја бараат неговата замена.

Според германските медиуми, во Дортмунд би требало да „слета“ Тимо Вернер како замена за голгетерот.

Вернер не е нешто којзнае задоволен од Челзи, со доаѓањето на Лукаку треба да игра на крилната позиција, нешто што не му се допаѓа, па лесно може да се случи да се врати во Бундеслигата.

ПретходноАтлетико и Атлетик одиграа „нула“ во Мадрид
СледноКуманово ја доби контролата со Работнички