Македонија У16 е домаќин на развоен турнир

173

Македонската репрезентација до 16. години во периодот од 14 доСеверна Ирска, Узбекистан и Турција, 20 април ќе биде домаќин на развоен турнир во Струмица. На истиот ќе настапат Северна Ирска, Узбекистан и Турција.

Селекторот Иљами Исејни за овие три средби ќе смета на:

ГОЛМАНИ:

Димитар Петров (АП Брера),  Илан Мемети (Лозана)

ОДБРАНА:

Матеја Масев (Графичар), Филип Ѓорѓиоски (Вардар), Адриан Велески (Вардар), Михајло Павлов (Црвена Звезда), Илија Аксентиев (Македонија ЃП), Амар Акики (Шкендија), Џихан Ибраими (Вардар).

СРЕДЕН РЕД:

Павел Стојанов (АП Брера), Ефе Раифи (Арсими), Арди Бајрами (Македонија ЃП), Далибор Марковиќ (Македонија ЃП), Александар Полимац (ИМТ), Марин Крстевски (Црвена Звезда), Огнен Сивевски (Македонија ЃП), Благоја Седлоски (Скопје), Матеј Бочевски (Македонија ЃП), Дардан Адеми (Арсими)

НАПАД:

Осман Исмаили (Аарау), Стефан Ристиќ (Партизан), Медин Емини (Кошице).

Собирот на фудбалерите е закажан за вторник (14.04.2026) во 10 часот. Првиот натпревар ќе се одигра на 14 април, противник ни е Северна Ирска, а почекот е закажан за 15:30 часот.

На 17. следува дуелот против Узбекистан, а три дена подоцна на програмата е соочувањето со Турција. И овие две средби почнуваат во истиот термин.

 

ПретходноФутсал репрезентацијата на Македонија избори пласман во следната фаза од мундијалските квалификации
СледноНов пораз на Македонија на БЏК купот