Футсал репрезентацијата на Македонија избори пласман во следната фаза од мундијалските квалификации

165

Македонската футсал репрезентација направи успех откако предмалку со победата од 6:3 над селекцијата на Турција и со тоа избори пласман во главната рунда од квалификациите за учество на Светското првенство.

Македонија на овој меч одигра одлично уште од првиот момент, и имаше водство од 3:0 по првиот дел.

Избраниците на селекторот Газменд Хисејини првиот гол го постигнаа по само 91 секунда од играта, а стрелец беше Таулант Исмаили.  Во деветтата минута Тони Киревски зголеми на 2:0, а во 12-тата, Бурак Угурлу ја погоди сопствената мрежа за водство на Македонија од 3:0.

Во 18. минута Умур Агир намали на 3:1, а само две минути подоцна Марио Благоевски се запиша меѓу стрелците за предност од 4:1.

По убедливото водство следуваше опуштање во нашите редови, а тоа го искористи противникот и за само дваесетина секунди преку Бурак Угурлу постигнаа два гола и намалија на 4:3.

Но, тоа беше сигнал македонските репрезентативци повторно да заиграат на највисоко ниво што резултираше со нови два погодоци за убедлива победа.

Во 33. минута, Јакуп Рамадан зголеми на 5:3, а на минута и пол пред крајот на мечот, нов погодок на Киревски за конечни 6:3 и сигурен пласман во вториот круг од квалификациите за Светскиот куп.

Во последното коло противник ни е домаќинот на турнирот Литванија и за освојување на првото место потребен ни е најмалку нерешен резултат.

Натпреварот се игра в недела со почеток во 16 часот.

ПретходноЃорческа поразена во четвртфиналето на ВТА 125 турнирот во Мадрид
СледноМакедонија У16 е домаќин на развоен турнир