„Ќе биде тешко, но веруваме дека можеме дa се носиме со противникот“

112
Фото: РФМ

Македонската ракометна женска репрезентација ги прави последните подготовките пред утрешниот меч против Словенија, кој се игра во Велење. Ова е дуел од последното квалификациско коло за пласман на Европското првенство. Противникот обезбеди место на континенталното натпреварување, останува Македонија да се избори за добар резултат, кој ќе ја смести во друштвото на четирите најдобро третопласирани селекции.

Ивана Џатевска ја пренесува атмосферата во нашите редови, најави дека можат да се носат со противникот.

„Во недела имаме натпревар против репрезентацијата на Словенија, ќе биде тежок натпревар и мора да го сфатиме сериозно. Се надевам дека можеме да се носиме со противникот, а секој позитивен резултат би бил повеќе од добредојден“, рече Џатевска. 

Натпреварот помеѓу Словенија и Македонија е закажан со почеток во 18 часот.

ПретходноВМФЛ: Лидерот по бодови во Каменица, Брегалница со лесна домашна задача
СледноВреме е за скопско градско дерби: Вардар и Работнички со спротивни амбиции!