ПМФЛ: Скопје е “црвено – црно“, Додев од пенал му донесе победа на Силекс!(ФОТО)

245

Вардар – Работнички 1:0 е исходот од 102 -то градско дерби. Вардар слаб, Работнички уште послаб. Далеку е ова од дерби, токму затоа само 100 гледачи на празната Арена во Скопје. Победничкиот гол беше дело на Цветковиќ во 23.минута со шут од слободен удар.

No description available.

Со оваа победа Вардар, без разлика што ќе направи Шкендија во понеделник, ќе биде лидер и по ова 27.коло. Работнички врза два порази во низа.

Вардар ја имаше првата шанса уште во 3.минута кога Омерагиќ со шут со глава ја погоди пречката. Две минути подоцна и Јанкулов опасно се закани, но таа топка заврши за малку покрај десната статива на Ондоа.

No description available.

Работнички првата закана ја испрати во 9.минута, но шутот на Талаков беше блокиран во корнер.

Омерагиќ уште еднаш беше во идеална шанса, но капитенот на Вардар и сега не успеа да го совлада Ондоа, биеше доста млако.No description available.

Вардар поведе во 23.минута кога Цветковиќ од слободен удар од околу 20 метри шутираше максимално прецизно.

Работнички можеше да израмни преку Мухарем во 34.минута, но сепак не успеа во тоа напаѓачот на гостите.

Само што започна второто полувреме Омерагиќ не ја користи третата своја шанса. Казната можеше да дојде три минути подоцна, кога Мерџани беше во зицер ситуација, но за негова жал и за жал за сите во Работнички, тој не успеа да ја затресе мрежата на Вардар.No description available.

Во овие моменти се играше пооотворено, сега и Работнички се отвори, а Закариќ во 57.минута од убава шанса не успеа да погоди за 2:0.

На крај победа за Вардар од 1:0. Заслужена.

Во Кратово, на вториот попладневен меч од 27.коло, Силек со 1:0 успеа да го победи Башкими и тоа со голот на Дарко Додев од пенал во 70.минута. Кратовци одигртаа добар меч, имаа повеќе шанси за гол, ја погодија и пречката, но реализацијата затаи. Сепак победа си е победа, освоени се три бода, тоа е најважно за тимот на Александар Васоски.

ПретходноФудбалер на Вардар (Н) се здоби со сериозна повреда, изнесен со амбулантно возило
Следно„Фармацевтите“ славеа во Дортмунд, Лајпциг минимално со Гладбах