Михајловиќ за дебаклот од Интер: Ние игравме, тие погодуваа, а можеа да ни дадат 10 голови!

340

Болоња доживеа тежок пораз на дуелот со Интер. Четата на Синиша Михајловиќ загуби со 6:1 и воедно го доживеа првиот пораз сезонава во Серија А.

Мечот беше решен уште по првото полувреме (тогаш 3:0). Ние игравме, тие даваа голови. Ептен лесно примавме голови. Имавме шанса да се вратиме преку обидот на Соријано, да погодеше можеби мечот ќе имаше друг тек.

Комплетно излеговме од колосек, ја изгубивме стабилноста во одбраната која беше фантастична на претходните неколку натпревари. А кога ќе попуштите против тим како Интер тогаш лошо ви се пишува. Лошо одигравме во првиот дел, Интер даваше голови од контри и од прекини, меѓутоа не ми се допаѓа тоа што многу лесно ги примавме головите, додека не ги користевме нашите шанси. Тие слободно можеа да ни дадат 10 голови“, вели српскиот стратег.

ПретходноМарко Марин потпиша за Ференцварош
СледноПрва радост за Лазаров и Нант