Екипите на Брера и Македонија ЃП со ремито 1:1 предмалку во Струмица го затворија 27. коло од тековниот ПМФЛ шампионат.
Двата тима кои се во долниот дел на табелата одиграа дуел кој што требаше да биде своевидна битка во борбата за опстанок, а со поделбата на бодовите двата тима премногу не ја променија својата моментална ситуација.
Во првото полувреме, поточно во 22. минута, Петровиќ беше соборен во гостинскиот шеснаесетник од страна на Шерифи, па беше досудена најстрога казна.
Филип Михаилов реализираше за водство, а на спротивната страна Галевски беше тој кој што имаше шанса да израмни но не успеа во тоа.
Во вториот дел, Пецов и Џангаровски имаа по ситуација, пред противничкиот гол за да израмнувањето конечно дојде во 57. минута.
Гереро нафрли, Николиќ прекрасно асистира и спушта на пеналтикот за Ајдоган, а овој реализира со погодок за 1:1.
До крајот, Џангаровски имаше една ситуација, биеше со волеј, за домаќините Величковски во неколку полуобиди, но резултатот не се промени.
Со ова реми, Брера стигна доосмата позиција и 33. бода, додека Македонија ЃП е претпоследна со 24 поени.















