Мегваер не смее да игра против Челзи

181
ФОТО: Manchester United/FB

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, веројатно ќе го пропушти натпреварот против Челзи по обвинувањата кои стигнаа од Фудбалската асоцијација.

Мегваер беше исклучен во 78-та минута од 31-то коло од Премиер лигата (2-2) против Борнмут. По натпреварот, Фудбалската асоцијација го обвини дефанзивецот за непристојно однесување поради наводно навредување на четвртиот судија по неговото исклучување.

„Атлетик“ објави дека Фудбалската асоцијација (ФА) утврдила дека Мегваер користел навредлив јазик кон четвртиот судија на натпреварот против Борнмут, Мет Донохју, и како резултат на тоа, дефанзивецот на Манчестер Јунајтед ќе биде казнет со парична казна и ќе го пропушти натпреварот против Челзи во сабота.

Манчестер Јунајтед, наводно, планира да поднесе жалба и за црвениот картон на Лисандро Мартинез во ремито 2-1 со Лидс.

ПретходноЃорческа со пресврт до победа на стартот на ИТФ турнирот во Порторож
СледноЛШ: Реал не издржа во Минхен, Баерн и Арсенал одат во полуфинале (ВИДЕО)