Штип УГД со максимални 3:0 го победи Борец на стартот од финалната серија!

26
ФОТО:.facebook.com/volleyballmkd

Вечерва во првиот меч од финалната серија во домашниот одбојкарски шампионат, тимот на УГД Штип со максимални 3:0 (25:15, 25:22 и 25:17) успеа да го победи составот на О.К Борец и со тоа да поведе во серијата со 1:0. Серија по која ќе се знае шампионот на Македонија.

Лидерот во првенството имаше контрола на настаните на теренот и резултатот во текот на целиот меч, мала неизвеснот имаше само во вториот сет.

Задмард со 15 поени ги предводеше победничкиот состав, додека Илиев со 13 поени го следеше. Во редовите на О.К. Борец, Оливера реализираше 14 поени, а Бастос заврши со девет поени.

Вториот меч од оваа финална серија за шампионската титула ќе се одигра во Велес, и тоа во понеделник од 20 часот.

ПретходноШто значи ова: Нико Паз “удри“ по Јамал на социјалните мрежи!(ФОТО)
СледноИнтервју со Чеферин: „Масар? Според мене тој својата работа ја извршува беспрекорно“! (ВИДЕО)