Куп на Македонија: Ѓорче Петров по доминација, Пелистер, Спартак и Чаир по историја!

56
Фото: РФМ

Денеска во Струмица продолжуваат натпреварите во Купот на Македонија, на програмата се двата полуфинални дуели во женска конкуренција.

Бранителот Ѓорче Петров ќе ги одмери силите со Пелистер, мечот е закажан со почеток во 17 часот. Во втората полуфинална двојка Спартак игра против Чаир, мечот стартува во 20 часот.

Ѓорче Петров оди по 19 титулата, додека Пелистер, Спартак и Чаир по историја.

Билетите веќе одамна се во продажба и истите за двете средби се продаваат по цена од 400 денари.

ПретходноЕдин Етоски е загубен и тоа не смее да ни се случува
СледноМалешевиќ: Сакаме да му се реваншираме на Кожув