„Чкембарите“ во напад со работен наслов: Баравте проблем, го добивте (ВИДЕО)

290

Викендов во Струмица се одржува Куп финалниот ракометен турнир, во кој што големо изненадување приреди тимот на Охрид, елиминирајќи го синоќа тимот на Е.Пелистер со конечни 26:19.

Нашиот учесник во Лигата на Шампионите доживеа резултатски крах, и нема да биде дел од финалниот меч каде што ќе се сретнат Охрид и Вардар.

Нервозни и очигледно револтирани по ваквиот развој на настаните, навивачите на Е.Пелистер на враќање за Битола, од гостувањето во Струмица, пресретнаа конвој кој засега не е познато кој се наоѓаше. Дали тоа беа навивачите на Охрид, или пак можеби ракометарите на Пелистер ќе треба да потврди полицијата или некој друг, но „Чкембарите“ очигледно горди на тоа што го сторија, настанот го регистрираа со видео запис истиот го споделија на социјалните мрежи.

Со работен наслов, „Баравте проблем, го добивте“, битолчани видно „мотивирани“ го напаѓаат комбето на сред пат, а на видео записот не се гледа дали има посериозни последици и повредени од овој немил настан.

Чекаме официјална потврда од полиција, и евентуален записник од настанот.

ПретходноВардар има задача да го одработи дуелот со Шкупи
СледноЏангаровски: МЃП има карактер и верба дека ќе успееме во битката за опстанок