И дефинитивно сезонава, во првите шест кола, Шкендија не е на своето ниво. Само една победа е премалку за составот кој важи веројатно за најквалитетен во ПМФЛ.
Денеска момците на стратегот Бруно Акраповиќ имаат незгодно гостување, и тоа на Автокоманда кај Скопје.
„И Скопје како и сите останати екипи кои играат против нас даваат 200% од своите сили. Знаеме дека ќе биде тешко. Сепак јас верувам во победа, верувам дека токму мечот со Скопје ќе означи старт на една победничка серија на Шкендија. Сметам дека конечно време е Шкендија да ја покаже својата класа“ истакна напаѓачот на Тетовци, Љупче Дориев.