МВР потврди: Навивачи на ГРК Охрид биле нападнати на пат кон дома!

335

Од МВР стигна потврда за видеото кое го сподели навивачката група „Чкембари“. Фанови на ГРК Охрид на пат кон дома после полуфиналето со Пелистер, на кое нивниот тим дојде до убедлива победа и веќе утре ќе игра историски финале во Купот на Македонија биле нападнати. Практично бил оштетен мини-автобусот кој бил задолжен за нивниот превоз.

„На 17.04.2026 во 23:15 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп-Ресен, кај крстосница Ротино и Кукуречанска крстосница,  минибус „мерцедес” со охридски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма од с.Коњско, охридско, кој превезувал навивачка група од Охрид, движеќи се по патот бил оштетен од група граѓани при што се направени оштететувања на автобусот. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе бидат поднесени пријави“, се вели во билтенот на МВР.

ПретходноКаде исчезна Златан Ибрахимовиќ, се прашуваат фановите во Италија
СледноПМФЛ: ЗЛАТНА победа на Пелистер во битката за опстанок!(ВИДЕО)