Челзи повторно поразен, Куња му донесе три бода на Манчестер Ј.

70
фото: Premier League (X)

Четврти пораз за Челзи по ред. Вечерва на домашен терен, „сините“ загубија од Манчестер Јунајтед со 0:1 и повторно останаа без постигнат гол. Тимот од „Стемфорд Бриџ“ денес беше поразен од директен конкурент за пласман во Лигата на шампионите.

Без никакви шанси во првиот половина час од играта и пред се со дефанзивна игра, з прва сериозна шанса се чекаше до 33-тата минута кога Енцо Фернандез успеа да се избори за топката во противничкиот шеснаесетник, се намести и шутираше, но топката помина покрај голот.

Челзи стигна до гол во 38-та минута преку Делап, но тој беше поништен поради офсајд. И потоа, од никаде, гол во мрежата на Челзи од единствениот шут на Манчестер Јунајтед.

Бруно Фернандеш по десната страна ја испрати топката во шеснаесетникот и постигна асистенција затоа што Куња рутински ја испрати топката во мрежата. Манчестер Ј. поведе со 0:1 во оваа 43-та минута  до крајот успеа со многу среќа да ги освои сите три бода.

ПретходноВини сака нов договор, но инсистира на поголема плата која Реал не му ја дава
СледноПо четвртипат: Реал Сосиедад го освои шпанскиот куп!