Брегалница им се заблагодари на своите фанови за поддршката! (ФОТО)

112
ФОТО:.facebook.com/fkbregalnicaofficial

Брегалница е во налет, тимот на Влатко Костов влезе во победничка серија и затоа се врати еуфоријата под Исарот. Градот Штип почна да верува дека оваа Брегалница може да се ја оствари целта – враќање во елитата. По вчерашната победа на гости кај Детонит направен е голем чекор до ПМФЛ. Брегалница има и натаму +2 бода пред Скопје, Охрид и Шкендија Арачиново, има да играат уште пет кола, но јасно е дека сега и Брегалница се прашува.

Вчера во Радовиш за својата Брегалница навиваа фановите на овој клуб и затоа денеска раководството на штипските “сини“ јавно, преку своите социјални мрежи им се заблагодари на поддршката.

Како фудбалски колектив, упатуваме огромна благодарност до нашата верна публика, фанови, поддржувачи и љубители на фудбалот за безрезервната поддршка која ја добиваме во овие важни моменти за нашиот клуб. Посебен наклон за нашиот 12-ти играч НК Фаланга и НК Ултра Банда, чие присуство на стадионите ширум Македонија, ни дава посебна мотивација и ветер во грб!

Уште побројни, уште посилни, заедно сплотени до целта!истакнаа од ФК Брегалница.

ПретходноПолувреме во Куманово: Компаоре за водство на Струга ТЛ, Башкими остана со играч помалку!
СледноМОК го одржа традиционалниот Олимписки пикник во знакот на спортот и пријателството