Поранешен голман на Скопје и Силекс остана без бубрег по ужасен судир (Видео)

804

Ужасната сцена се случила вчера на мечот меѓу Жарково и Раднички од Сремска Митровица во втората по ранг фудбалска лига во Србија

Поранешен играч од Првата македонска фудбалска лига Спасојe Стефановиќ останал без бубрег поради непријатниот судир кој го имал на теренот.

Голман на тимот од Сремска Митровица се нашол на земја еден контакт со противничкиот напаѓач, по што веднаш станало јасно дека се работи за посериозна повреда.

Стефановиќ итно бил пренесен на ургентното одделение во најблиската болница во Белград, за време на операцијата, за жал морало да му биде отстранет еден бубурег. Оваа вест со огромно жалење ја пренесе и Раднички преку своите официјални гласила на социјалните мрежи, посакувајќи му добро здравје на фудбалерот кој имаше хорор деби во новата средина.

Непријатниот судир кој донесе ужасни последици за голманот се гледа во 35-та секунда од видеото….

Младиот 28-годишен голман му се приклучи на Раднички на почетокот на оваа сезона, а на интернационалната сцена се испроба и во Македонија, каде бранеше за тимовите на Скопје и Силекс во сезоните 2017/18 и 2018/19.

 

ПретходноМилко пред “вечното дерби“: Ќе победат моите со 1:0, ја сакам само Ц. Звезда!
СледноВистински лав – Ињаки одигра 200 мечa во Ла Лига без прекин!