Јака Малус: На вакви мечеви одлучува СРЦЕТО!

254

Вардар во трилер меч во финалето во Струмица, сепак успеа да го победи ГРК Охрид и да освои уште еден трофеј во Купот на Македонија. Јасно е дека кога ќе се дојде до ваков успех, до една ваква победа и тоа против еден силен тим како што е ГРК Охрид, своја заслуга имаат сите, но сепак Јака Малус беше фантастичен со 8 голови, 17 вкупно на двата меча и затоа беше прогласен за МВП на турнирот.

По мечот ракометарот на Вардар, Јака Малус не го криеше своето задоволство:

Финале како финале. Секогаш е тешко да се игра финале, има тактика, има се што треба, ама на крај тоа што одлучува е срцето, кој е “погладен“ и победува тој што е посмирен на крај. Честитки за ГРК Охрид за една многу добра претстава, за една јака игра и секако честитки за моте соиграчи. Да кажам дека јас нема да ја добиев наградата за МВП без мојата екипа. Ова е работа на цела година, но ние не застануваме тука има уште месец до крај на сезона, имаме уште две цели да ги завршиме, Најголема цел секако дека е трофејот во првенството да се врати во Скопје и втора цел е пласман на Ф4 во Лигата на Евртопа“, посочи тој.

Колку беше тешко да се освои овој трофеј,каква беа советите од тренерот Чупиќ?

Па, многу тешко. Цел меч беше многу тешко и физички и психички. Знаевме дека ова ќе биде тежок натпревар, ама тука се гледа која е вистинска екипа, а дека сме вистинска екипа и дека во тешки моменти сме заедно. Играме наша игра 60 минути, играме наша игра цела сезона, ништо не менуваме, и гледаме дека таа наша игра носи резултат. Па така овој ритам и стил ќе го држиме до крај на сезона“ заврши Малус.

ПретходноЧупиќ: Маратонот не е завршен! Респект кон сите, но Вардар мора да “гази” до крај!
СледноВардар, па голема празнина, па сите останати (ФОТО)