Вистински лав – Ињаки одигра 200 мечa во Ла Лига без прекин!

176

Фудбалерот на Атлетик Билбао Ињаки Вилијамс заокружи 200 натпревари по ред во шпанската Ла Лига, серија која ја почна во април 2016 година. Ова е неверојатен и редок подвиг, да се одиграат толку натпревари без прекин поради суспензија или повреда. Што да се каже освен дека Ињаки е вистински лав.

На 27-годишниот фудбалер му се потребни уште два меча за да го престигне апсолутниот рекордер Хуан Антонио Ларањага кој одиграл 202 меча без прекин во дресот на Реал Сосиедад во осумдесеттите години на минатиот век.

Следните мечеви на Атлетик се против Рајо Ваљекано, Валенсија, Алавес. Ако ги одигра тие ќе стигне до 203 и ќе скокне на чело на вечната листа. Ињаки е дете на родители бегалци од Гана, а играше за младинската репрезентација на Шпанија и има еден настап за сениорската шпанска репрезентација (пријателскиот меч со БиХ во 2016 година).

ПретходноПоранешен голман на Скопје и Силекс остана без бубрег по ужасен судир (Видео)
СледноАнглиски судија: Фудбалер на Челзи сакаше да ми ги скрши нозете, да ме линчува!