Гурбиндо разочаран од Вардар: Велеа дека е сериозен проект, но…

2377

Едуардо Гурбиндо нема да го памети по добро Скопје и Вардар. Шпанскиот ракометар се пакува, ќе го носи дресот на Динамо Букурешт. Оваа информација Гурбиндо ја потврди, се чека да се докомплетираат документите.

Додека од клубот молчат, тој за шпанските медиуми објасни на кратко што се случува.

“Кога преговаравме за да дојдам во Вардар, клубот ми го претставуваа како сериозен проект.  Кога дојдов видов сосема различно од она што ми беше најавувано. Трансферот во Динамо Букурешт e целосно договорен, се чекаат само на некои документи за истиот да биде официјализиран“, изјави Гурбиндо.

ПретходноАнглиски судија: Фудбалер на Челзи сакаше да ми ги скрши нозете, да ме линчува!
СледноЦветановски како Меси: Издрибла тројца играчи и ја смести топката во голот (видео)