Здравков: Прволигашка победа за Брегалница

202

Во фокусот викендов беше гостувањето на Брегалница во Радовиш кај Детонит, кај една од малкуте „мини“ на кои можеа да се „лизнат“ фудбалерите од Штип во финалното одбројување до враќање во елитата.

Бојан Рајков беше херојот на „сините“ кој го постигна единствениот гол на дуелот, со кој Брегалница (0:1) ја задржа лидерската позиција на табелата со два бода предност пред ривалите Охрид, Скопје и Шкендија Арачиново.

Квалитетен меч, силно фудбалско темпо во текот на сите 90 минути и натпревар на кој гостите стигнаа до победата. Заслужен прволигашки триумф на Брегалница која и со 10 играчи во вториот дел успеа да се одбрани. Ние имавме шанси, имавме игра, но ете реализацијата изостана…“, изјавува Горан Здравков, тренерот на Детонит но и штипјанец и легенда на Брегалница.

Ова беше натпревар со емоции, но и натпревар на кој и двете екипи играа на трите бода. На нас тренерите работата ни е да ја подготвиме екипата и да ги изведеме најдобрите фудбалери на теренот. Ретки се ваквите дуели во второлигашката конкуренција со ваков интензитет а имавме и одлично судење од Стојанче Трпчевски. Жалиме за шансите, честитаме на противникот…“, додава популарниот Чалам за дуелот за кој со денови се говореше низ земјава околу битката за највисок пласман во Втората лига.

До крајот на сезоната има уште пет кола а штипските „сини“ имаат само еден дерби меч и тоа со Шкендија Арачиново дома. Гостуваат кај Беласица и Осогово а дома играат уште и со Слога Виница и Победа. Детонит и оваа сезона останува во златната средина на табелата.

ПретходноОфицијално: Легендарниот Георге Хаџи повторно селектор на Романија! (ФОТО)
СледноКуп 1/2 финале: ГФК Охрид сепак ќе го пречека Силекс на “Билјанини Извори“!