Куп 1/2 финале: ГФК Охрид сепак ќе го пречека Силекс на “Билјанини Извори“!

142
ФОТО:.facebook.com/gfkohrid

Иако имаше најави дека првиот дуел од полуфиналниот двомеч меѓу Охрид и Силекс, ќе се игра во Струга, сепак најновите информации, според сајтот на ФФМ и според социјалните мрежи на охриѓани, се дека дуелот во среда се игра од 12 часот и тоа на “Билјанини Извори“ во Охрид. Значи Охрид ќе игра на својот стадион.

Познато е дека реваншот се игра во Кратово на 6 мај.

Првиот дуел од вториот полуфинален двомеч меѓу двете Шкендии, тетовската и таа од Арачиново, се игра исто во среда, од 15:30 часот во Тетово, а реваншот во Скопје.

ПретходноЗдравков: Прволигашка победа за Брегалница
СледноГвардиола му се потсмева на Арсенал, неговата изјава стана вирална (ВИДЕО)