Нено со 10 поени во новата победа на Баерн Минхен!

58
ФОТО:.facebook.com/fcbayernbasketball/

Уште една квалитетна партија на нашиот најдобар кошаркар, Ненад Димитријевиќ. Имено вечерва во меч од 30.коло во елитната кошаркарска лига на Германија, Македонецот на гостувањето кај Трир успеа да запише 10 поени и да има шест асистенции, па така и тоа како помогна неговиот тим да слави со убедливи 80:104.

Иако Нено во игра беше само 18.минути, а немаше ни потреба од повеќе, тој своето си го одработи како што само тој знае па така уште еднаш покажа дека во последно време игра во голема форма.

Со оваа победа неговиот Баерн Минхен сега има 46 бодови, четири повеќе од втората Алба, но и меч помалку. Јасно е дека баварците, сега со Нено, атакуваат на нова титула на домашна сцена.

ПретходноЛауреус 2026: „Спортските оскари“ за Алкараз, Јамал, ПСЖ, Сабаленка…а шоуто го “украде“ Новак!(ФОТО)
СледноАнтонио Ридигер одлучи каде ќе ја продолжи кариерата