Натпревари во Купот на Македонија во сите конкуренции

46

Во следниве денови на програмата се  натпревари во Купот на Македонија во сите конкуренции.

Покрај првите соочувања за влез во големото финале во машка конкуренција утре ќе бидат познати и финалистките кај дамите.

Во Битола, Топ гол ја пречекува Тиверија Брера и почетокот е закажан за 12 часот додека во 16, стартува мечот во кој Љуботен и гостува на Каменица Саса.

Во младинските конкуренции се играат четвртфиналните дуели. Жрепката одреди во оваа фаза од натпреварувањето меѓу себе да се соочат четирите водечки екипи во шампионатот.

В среда од 11 часот на теренот АМС во Ново Лисиче, Вардар се среќава со Македонија ЃП додека еден час подоцна лидерот на табелата АП Брера игра против Работнички.

В четврток Пелистер е домаќин на Брегалница, а Њу Старс во Скопје го пречекува Шкупи.

Четвртфиналните двојки се идентични и во конкуренција на кадети. Дуелот меѓу Вардар и Македонија ЃП се игра на истата локација, а почетокот е во девет часот. Мечот во Струмица стартува во 10.

Натпреварите кои се играат в четврток почнуваат во 11 часот (Битола) и 10 часот (Скопје).

Кај пионерите веќе се познати два тима кои обезбедија место меѓу четирите најдобри. Пелистер попладнево во Битола славеше над Шкупи со 2:0 додека Македонија ЃП на гостувањето во Штип беше поуспешна од Брегалница откако славеше по изведување на удари од белата точка.

Утре на програмата е мечот меѓу Њу Старс и Вардар додека в четврток Пелистер го пречекува Шкупи.

ПретходноНаполи го казни Лукаку со 150.000 евра
Следно„Новак би можел да стане претседател на Србија, ама…“