Дали Арсенал ќе биде шампион: Еве што вели Арсен Венгер!

151
ФОТО:facebook.com/Arsenal/

Последниот тренер што ја освои титулата со Арсенал беше легендарниот Арсен Венгер. Францускиот стручњак, најголемата икона на лондонскиот клуб, ја освои титулата во 2005 година и оттогаш ништо за Арсенал. Трофејната соба на Арсенал не добила пехар од Премиер лигата повеќе од 20 години и сега кога се во најдобра ситуација во последните две децении, лесно може сè да пропадне и тоа на пет кола до крајот а Арсенал ја имаше титулата в рака.

Манчестер Сити го победи Арсенал дома (2:1), па сега ако ги добијат сите натпревари до крај, ќе бидат шампиони. Тоа би бил тежок удар за тимот од северен Лондон. Тоа го потресе и Арсен Венгер, кој сè уште го следи клубот каде што стана познат. Легендарниот тренер сè уште верува дека Арсенал ќе ја освои титулата, за што зборуваше на добротворна вечера на Аби Роуд за проектот „ProjectTwinning“.

Венгер истакна дека е малку веројатно Манчестер Сити да ја заврши сезоната без ниту еден неуспех. Тој ги пофали храбрите настапи на креативните играчи на Арсенал и го повика тимот да остане фокусиран на преостанатите пет натпревари.
„Верувам дека Арсенал ќе ја освои титулата. Навистина верувам. Мислам дека ќе ја освои. Тоа го вели здравиот разум. Ми се допаѓа начинот на кој играат Еберечи Езе, Мартин Одегар, Каи Хаверц и Нони Мадуеке. Манчестер Сити нема да има совршен финиш на сезоната. Не можат да победат до крај“, рече Венгер.

ПретходноКако Леброн: Роналдо наскоро ќе игра заедно со својот син!
СледноБарди и Коњаспор го елиминираа славниот Фенербахче во Купот на Турција!