Алушовски не е веќе тренер на Пелистер!

1098

Стевче Алушовски не е веќе тренер на РК Пелистер. По само четири месеци водење на тимот, Алушовски и сеуште актуелниот шампион се разделија. До крајот на сезоната тимот ќе го води еден од неговите досегашни помошници или пак тоа ќе биде Ѕвонко Шундовски, кој во неколку наврати во изминатите години го “гасеше пожарот“ на клупата.

Заминувањето на Алушовски е очекувано по катастрофалната сезона, посебно во изминатите неколку месеци, а најмногу поради очајниот на настап на битолчани во полуфиналето на Купот на Македонија каде беше доживеан болен пораз од ГРК Охрид.

Се чека само офицјална потврда за заминувањето на Стевче Алушовски од страна на раководството на РК Пелистер.

Инаку Алушовски го презеде македонскиот шампион на 12 јануари, на местото на Рубен Гарабаја, со цел да дојде барем до еден трофеј, ама сега се знае дека Пелистер ќе има неуспешна сезона.

Претходно„Новак би можел да стане претседател на Србија, ама…“
СледноОва е девојката која организирала проституција за фудбалери од Серија А!