Подвиг и тоа каков на Коњаспор и нашиот репрезентативен капитен Енис Барди. Вечерва во 1/4 финалето во Купот на Турција, тимот на Коњаспор со 1:0, во 120+1.минута од продолженијата со голот од пенал на Јефтовиќ го елиминира славниот Фенер и се пласира во полуфиналето.
Да кажеме дека Барди беше стартер на мечот и беше во игра се до 76.минута. Регуларниот дел заврши со резултат 0:0, а Коњаспор го постигна победничкиот гол за големо славје на неговите фанови во самиот финиш на второто продолжение кое беше продолжено за уште неверојатни 10 минути.
Во секој случај голем успех за нашиот Енис Барди и неговиот Коњаспор.










