Брајтон го декласира светскиот првак: Челзи уште еднаш се избламира!

65
ФОТО:facebook.com/officialbhafc/

Во 34-то коло од Премиер лигата, екипата на Челзи доживеа вистинска бламажа, уште една, а резултатот во корист на Брајтон од 3:0 воопшто не го докажува вистинскиот баланс на силите на теренот.
Веќе во 3-тата минута Брајтон имаше одлична шанса, за Митома кој беше сосема сам, шутираше од околу 10 метри, но голманот на гостите Санчез успеа да ја испрати топката во корнер.
И веднаш по тој корнер, гол за Брајтон, домашните стигнаа до предност кога Кадиоглу постигна гол за 1:0.
Фудбалерите на Брајтон редовно беа сами во шеснаесетникот на гостите, беше апсолутно неверојатно како играше екипата на Челзи, а Ван Хеке можеше да донесе водство од 2:0 во 14-тата минута.
Едноставно е неверојатно колку лошо играше Челзи, дури и голманот Санчез се вклопи во сивило, им подари една топка на играчите на Брајтон, а Хиншелвуд пропушти колосална шанса. Но, се поправи во 56-тата минута. Контра за гостите, Рутер беше немилосрден во скокот, потоа му додаде на Хиншелвуд кој постигна гол за 2:0!
И на крајот, во судиското продолжение Дени Велбек погоди за конечни 3:0.

ПретходноСучиќ е херојот на Интер – од 0:2 за Комо до пласман во финалето на гигантот од Милано
СледноМбапе и Вини го “средија“ Алавес, ама фановите на Реал со свирежи кон „ѕвездите“!