Славниот клуб од Лондон е во агонија. Фудбалерите на Тотенхем се борат со сите сили да го зачуваат статусот во Премиер лигата, а раководството на клубот работи напорно на зајакнување на кадарот за следната сезона, каде што главното име во фокусот е доскорешниот спортски директор на Борусија Дортмунд, Себастијан Кел.
Точно пред еден месец, Кел го напушти „Сигнал Идуна Парк“ по четири успешни години поради несогласувања со најтесното раководство на клубот во насока на идните перспективи на Борусија.
Поранешниот фудбалер остави длабока трага во Дортмунд, формирајќи го ‘рбетот на тимот во летото 2022 година кој ќе се доближи до освојување на Лигата на шампионите во финалето против Реал Мадрид две сезони подоцна.
Под негово водство, клубот оствари огромни приходи со продажбата на Џуд Белингам и Ерлинг Халанд, а Кел е одговорен за назначувањето на Нико Ковач за тренер.
Сето тоа му даде повеќе се задоволителни препораки да биде главен кандидат за позицијата спортски директор на Тотенхем, каде што ќе работи заедно со Јохан Ланге за да го зајакне прилично скромниот тим на „спарси“.
Оваа информација ја објави „Скај Спорт“, а истиот извор додава дека Роберто Де Зерби ќе остане менаџер на клубот без оглед на тоа дали ќе се игра Премиер лигата или Чемпионшип лигата.
Според извештаите, Кел сè уште не одлучил дали веднаш ќе ја прифати работата, бидејќи помина само еден месец од неговото заминување од Борусија Дортмунд.
Дома Меѓународен фудбал Англија Дали тоа ќе биде “новиот Дортмунд“: Тотенхем добива нов спортски директор!










