МКК Куманово рутински до победа против Ангели!

41

Вечерва во Куманово, во меч од 3.коло во плеј – аутот во нашата елитна кошаркарска лига, домашните кошаркари на МКК Куманово славеа победа против составот на Ангели со 96:77.

Со оваа победа кумановци и натаму се лидери во овој сегмент од лигата.

Се виде уште на стартот од овој меч дека МКК Куманово ќе ја има главната улога и дека треба да се очекува една рутинска победа. Првата четвртина домашните ја добија 21:14, додека во втората беше нешто потешко ако се знае дека резултатот беше 26:24. Затоа во третата четвртина кошаркарите на МКК Куманово заиграа поквалитетно како во одбраната така и во нападот и ја добија оваа четвртина со 30:22 и практично го решија прашањето околу победникот. Во последниот период се водеше израмнета битка, но овој период го добија домашните со 19:17, за конечни 96:77.

Радукиќ со 23 поени се истакна во тимот на МКК Куманово, следуваше Ѓуроски со еден помалку. Додека кај гостите најефикасен и најдобар беше Рубин Стефанов со 24 поени, со што беше и најефикасен на мечот.

ПретходноМаџари го “реши“ Кожув и осигура пласман во полуфиналето од плеј-офот!
СледноЕлези е во одлична форма, повторно “тресеше“ за Сараево!(ВИДЕО)