Македонската женска кадетска репрезентација се пласираше во полуфиналето на Светското училишно првенство во ракомет.
<span;>Во четвртфиналето нашите надежи после пресврт славеа против Бразил со 19-18.
Бразил отвори со 2-7, водеше и со 4-8, но тоа не ги обесхрабри нашите кадетки. Се издигнаа, ја зацврстија одбраната и ги намалија техничките грешки. Сето ова придонесе за са направат серија од 5-1 за водство на полувремето од 11-10.
Нашата голманка Дуновска Марија беше одлична на голот, а Македонија на стартот на второто полувреме поведе со 12-10, беше 13-11.
<span;>Неизвесноста продолжи, Македонија беше гол до два позитива. Дуновска продолжи во одлична форма, а нашите кадетки поведоа со 16-13 и 18-15. Оваа позитива се покажа како доволна за победа.
Најдобри стрелци во нашиот состав беа Ања Лашкоска со пет и Тара Аврамовска со четири погодоци.










