Браво: Дарио Ивановски победи на полумаратонот во Дубровник!(ВИДЕО)

157

Уште еден голем, фантастичен успех на нашиот Дарио Ивановски. Имено Македонецот денеска победи на полумаратонот во Дубровник (Хрватска) во силна конкуренција со нов рекорд. Ивановски истрча 21 км за време од 1:06.30.

Ова е уште еден доказ дека Македонецот е во голема форма, посебно ако се знае дека минатиот викенд го освои второто место на престижниот маратон во Белград.

Дарио Ивановски секако дека оваа 2026 ќе има уште вакви настапи, блескави резултати и секако, победи.

Браво за Ивановски.

ПретходноАрифовски ќе се обиде да ја врати Брера на победнички колосек на мечот со Пелистер
СледноКадетките преку Бразил до полуфинале!