ТФТ се измачи со Маџари, ама сепак победи(ФОТО)

43

Во меч од 4.коло во ТОП-6 фазата од нашата елитна кошаркарска лига, кошаркарите на ТФТ успеаја да слават против Маџари и тоа со 85:82.

Гостите уште еднаш покажаа зошто се во 1/2 финалето од плеј – офот каде ќе се борат за титулата со оглед на тоа дека денеска на големиот фаворит му пружија силен отпор. Од друга страна тимот од Тафталиџе кој за три дена ќе го игра реваншот од финалето во АБА2, за пласман во елитата во ова натпреварување, по само два дена од мечот и поразот од Пелистер, денеска мораше да ротира со играчите, а и со мислите беше кон тој дуел со Широки.

Сепак на крајот ТФТ на овој натпревар кој се одигра во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, успеа да победи и да ги освои значајните бодови во битката за лидерската позиција на табелата.

Гостинската екипа одлично го почна мечот, а првата четвртина ја добија со 21:28. Големиот фаворит врати во вториот период со 24:15, па така на пауза замина со +2 поени разлика.

Во продолжение од средбата, во “второто полувреме“, тимот од Тафталиџе и покрај сите напори, сепак не успеа резултатски да се “одлепи“, тоа се случи дури во последната четвртина кога конечно ТФТ успеа да го “скрши“ Маџари и на крајот да слави победа, иако вреди да се напомене дека и во тој период не беше така лесно за фаворитот, напротив. Гостите во последните секунди дојдоа на само -3, но сепак немаа сила за победа.

Кај домашниот состав, Ташовски со 32 поени уште еднаш покажа дека е во форма, Говенс запиша 23 поени. Кај гостите Луис со 19 поени беше најефикасен.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноБадел 1862 го елиминираше актуелниот првак за финале
СледноКрај на серијата на Бецеки, Алекс Маркез е победник во Херез!