Ацевска и покрај повредата освои бронза во Париз

35
фото: Македонска Џиу - Џица Федерација (FB)

И покрај повредата на зглобот од ногата, македонската натпреварувачка во џиу-џица Катерина Ацевска се избори за бронзениот медал на Гран При турнирот во Париз.

Во првото коло Катерина беше слободна како носител на листа, во второто коло изгуби од Германката Сандер Лоте со 11-3, во третото коло ја победи Австриката Ема Шванзерберт со 19-7 и во борбата за трето место ја победи Лаура Хермантсен од Данска со 21-10.

Уште еден историски резултат за нашата најдобра натпреварувачка во овој спорт.

ПретходноГо реши 100. „вечно дерби“, а денеска бурно поздравен на „Маракана“ (ВИДЕО)
СледноФедерацијата на училишен спорт со порака: Не можеме да бидеме погорди, честитки за храброста и борбеноста (ФОТО)