Македонската кадетска репрезентација на дуелот против С.Арабија, последен од групната фаза имаше максимална поддршка.
На трибините можеа да се видат бројни македонски ракометни легенди, а една од нив беше и Стојанче Стоилов. Поранешниот репрезентативец и иден тренер на Бутел Скопје мечот го проследи во друштво со екс-тренерот на Вардар, Гиљермо Милано.
Аргентинецот е во Скопје со делегацијата на Саудиска Арабија, тој е селектор на сениорската репрезентација на оваа земја. Стоилов и Милано имаат одлична соработка минатата сезона.
Во Скопје се одржува Светското училишно ракометно првенство, а Македонија во машка и женска конкуренција утре ќе игра полуфинале.










