Холандија на Мундијалот без Чави Симонс

86

Уште еден фудбалер летово нема да може да патува на фудбалскиот Мундијал во САД, Мексико и Канада. Холандскиот играч од средниот ред, Чави Симонс, објави дека ќе го пропушти Светското првенство поради повреда на коленото.

23-годишниот играч на Тотенхем се повреди на натпреварот од Премиер лигата против Вулверхемптон (1:0).

„Велат дека животот може да биде суров. Мојата сезона заврши нагло, а јас само се обидувам да го протолкувам тоа. Искрено, скршено ми е срцето. Сè ја изгуби својата смисла“, напиша Симонс.

ПретходноХјустон се спаси од елиминација, Бостон и Сан Антонио на победа до втората рунда
СледноСП за училишта: Кадетите и кадетките денеска во битка за финале!