Фенербахче со “шут-карта“ за тренерот Тедеско!

60
ФОТО:.facebook.com/Fenerbahce/

Сосема очекувано по оној пораз во мега – дербито и тоа со 0:3 од Галатасарај. Вечерва и официјално Доменико Тедеско доби отказ во Фенербахче, оваа вест ја потврдија и од самиот клуб со специјални соопштение.

Едноставно Фенер нема среќа со тренерите, ги менува како на филмска лента а се знае дека повеќе од една деценија не може да стигне до титулата во Турција. Јасно е дека ова е голем удар за гигантот од Босфорот:

 „Во согласност со одлуките донесени на состанокот на нашиот одбор на директори, се разделивме со нашиот главен тренер Доменико Тедеско и неговиот технички персонал. Исто така, одлучено е да се разделиме и со нашиот спортски директор Девин Озек и нашиот координатор за фудбал Берке Челеби. Им се заблагодаруваме за нивниот придонес во нашиот клуб и им посакуваме успех во нивните идни кариери. Нашиот помошник тренер Зеки Мурат Ѓоле ќе биде задолжен за тимот во преостанатите натпревари од сезоната. истакнаа од раководството на Фенер.

ПретходноЈунајтед го победи Брентфорд и сега е на милиметри е до ЛШ!