Македонската женска кадетска репрезентација го освои сребредниот медал на Светското училишно првенство кое се одржува во Скопје. Во финалети нашите надежи беа совладани од Хрватска со 26-28 (12-15), ова беше воедно прв пораз за „црвено-жолтите“ на овој шампионат, после петте победи.
Нашите девојки после пет минути игра имаа предност од 5-1. Хрватските ракометарки вратија со 3-0 прво дојдоа на 5-4 во 10-та минута. Противникот после новите плус два за нас (6-4) поведе со 6-8 во 18-та минута. Македонија имаше чисти ситуации, но не успеваше да ги претвори во гол, во овој период дури и имаше нереализиран пенал. Кадетките израмнија на 11-11, но Хрватска повторно ги казни сите грешки на одморот заминаа со позитива од 12-15.
Хрватска продолжи во силен ритам, нам ни одеше тешко во нападот, но и одбраната не беше на ниво, па после седум минути игра негативата беше 14-19. На средината на на второто полувреме резултатот беше 19-23. Нашите ракометарки не се откажаа, но беше потребна поголема цврстина против фаворитот. Македонија сепак блесна на нецели пет минути до крајот дојде на негатива од минус еден (24-25). Три нови грешки ги вратија „црвено-жолтите“ назад, Хрватска ја направи победничката разлика на три минути до крајот 24-28.
После ова финале, следи битката за златен медал во машка конкуренција, Македонија ќе игра против Израел, мечот стартува во 16 часот.










