Салах, сепак, не го одиграл последниот натпревар за Ливерпул

66
фото: Liverpool FC (X)

Мохамед Салах, сепак, ќе може да одигра макар уште еден меч за Ливерпул пред крајот на тековната сезона и пред да го напушти клубот.

Крилниот напаѓач на Ливерпул се повреди на 25 април во победата од 3-1 против Кристал Палас во 34-то коло од Премиер лигата. Беше објавено дека Египќанецот, кој ќе го напушти клубот на лето, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради скината на тетивата.

Денес, од Ливерпул објавија дека повредата на мускулот на Салах е незначителна. Се очекува крилниот напаѓач да се врати во скоро време.

ПретходноТФТ не се избори за мајсторка, но има уште една шанса за јадранската елита
СледноЛШ Полувреме: Ѓокереш изнуди пенал и донесе предност за Арсенал во Мадрид (ВИДЕО)