Крива Паланка поведе во финалето

32

Екипата на Крива Паланка поведе со (1-0) во финалната серија на плеј-офот која го дава новиот шампион во „Шпаркасе лајф“ Првата лига во женска конкуренција.

Во премиерните 40.минути од серијата „подобар во пет натпревари“, на свој терен, беа далеку подобри од екипата на Бадел 1862, со што го направија и првиот чекор кон освојување на шампионскиот трофеј.

КРИВА ПАЛАНКА – БАДЕЛ 1862 81:64 (1-0)

Уште во првото полиувреме од првиот финален натпревар кошаркарките на Крива Паланка обезбедија голема предност.

По водството кое го имаа во првиот период (24:17), во вториот, домашните кошаркарки го удвоија, и на одморот веќе имаа двоцифрена позитива (44:29). Тука беше јасно дека овој меч ќе заврши во корист на домашниот тим.

Робинсон го предводеше победникот со 30 поени, на другата страна Клири оствари дабл-дабк од 19 поени и 12 скока.

ПретходноОна што го прави Симеоне е иритирачки! Зар истото не го прави и Артета?
СледноАртета: Во одлична позиција сме, сè е во наши раце!