Татабања за која настапува Филип Талески е првиот патник во финалето на Европскиот куп на ЕХФ, откако во реванш-пресметката од полуфиналето го елиминира Извиѓач.
Босанците на првиот меч славеа со два гола разлика, унгарскиот тим пред домашната публика победи со 37-34 и завери финале.
Талески запиша еден гол, а неговиот тим во битката за титулата во ЕХФ Европскиот Куп ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу македонскиот ГРК Охрид и Целје.










