Арената се “затвора“, теренот ќе се репарира за Германија, Работнички на ФФМ!

1451

Како што дознаваме теренот на нашата Национална Арена “Тодор Проески“ ќе се репарира или поправа за дуелот со Германија на 11 октомври. Токму затоа Арената ќе биде затворена, останува само да се одигра утрешниот меч меѓу Македонија и Австрија во рамките на женските квалификации за СП.

Ова значи дека и Работнички ќе мора да си бара алтернативен терен, а тој ќе биде на ФФМ каде што ќе се игра неделниот меч со Пелистер од 8.коло.

Значи може да очекуваме дека Германија, една од гигантите на светскиот фудбал, на 11 октомври ќе ја дочекаме на нешто подобар терен.

ПретходноАнглија заборавена, концентрација кон Австрија (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноНадал: Се уште ме боли ногата, но мислам дека ќе се вратам за Австралија Опен