Познати се најважните датуми: Финалните дуели на крајот на мај

772

По денешната победа над Целје во реванш полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп, ГРК Охрид веќе може да мисли и на финалниот двомеч со унгаерска Татабања.

ЕХФ веќе ги одреди и термините за одигрувањето на двата финални натпревари. Првиот меч ќе се одигра на 23/24 мај, додека реваншот на кој ќе се прогласи и новиот освојувач на ова европско натпреварување ќе биде на 30/31 мај.

Според последните информации, сепак за одредувањето на тоа кој ќе биде домаќин на првиот финален меч ќе има ждрепка.

ПретходноПо три години: Погба почна како стартер на еден официјален меч
СледноОјлески: Чувстувавме притисок, но надминавме се, знаевме дека ќе биде тешко