Светскиот рекет број еден, Јаник Синер, се осврна на ситуацијата во која играч на теренот, покрај неговите ривали од другата страна на мрежата, мора да се бори и против публиката.
Иако порано не беше случај, овој пат не можеше а да не го пофали Новак Ѓоковиќ, кој е неспоредлив во вакви ситуации.
„Мислам дека секој има свој пристап во вакви ситуации. Новак Ѓоковиќ го прави тоа многу мудро, тој е најдобар во тоа“, рече Синер.
Синер се најде во таква ситуација во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, кога го победи Артур Фис (6:2, 6:4), а публиката беше на страната на Французинот.
„Немам некое посебно решение. Само сум среќен што воопшто можам да играм. Иако луѓето понекогаш се против тебе, тие дојдоа да гледаат повеќе тенис и сакаат подолг натпревар. Ги разбирам и само се обидувам да останам смирен во многу тешки ситуации. Публиката може да ти даде многу позитивни работи. За мене, играњето во Италија е посебно чувство. Атмосферата против Ходар беше одлична, луѓето од Мадрид беа фер кон мене“, рече Синер.
Синер ќе игра против Александар Зверев во финалето на турнирот во Мадрид, мечот стартува во 17:00 часот.










