Даре ШАМПИОНЕ! Тасевски во свој стил ја прослави титулата со Левски

291

По 17 години Левски е првак на Бугарија и тоа титула со стил освоена пред Лудогорец и ЦСКА. Софија е сина а фудбалската јавност во земјава треба да знае дека еден од креаторите и прв асистент на шпанскиот стратег Веласкез е токму нашиот Дарко Тасевски. Сега првак, а беше и играч во 2009 година кога Левски и Тасевски последен пат се радуваа на титулата. И токму во свој стил, Даре во текот на денов ја прослави шампионската титула, прва во неговата тренерска кариера. Со спортски весник во раце и во смирена атмосфера си чита за неговиот голем успех со Левски.

Тасевски на свој начин го слави големиот успех и со фото на социјалните мрежи со кое јасно стави до знаење дека работата е успешно завршена. Поранешниот наш репрезентативец со фамилијата живее во Софија и веќе втора година го „пече“‚ тренерскиот занает во неговиот поранешен клуб Левски. Тој е во новата генерација на ФФМ за тренери кои се дел од новата генерација за ПРО лиценца и со тоа Македонија сигурно добива добар стратег, впрочем таков играч на времето и беше самиот Тасевски кој со успех настапуваше за Цементарница, Вардар, Металург Запорожје, Кирјат Шмона, Банкок и Славиа Софија.

Честитки за Тасевски и Никола Серафимов кој е дел од екипата на Левски и нека ова лето не се судрат со нивниот Вардар во квалификациските кола од Лигата на шампионите.

ПретходноПолувреме: Без голови во Струга, Тиквеш – Арсими 1:1 во Кавадарци, страшен старт на Камара врз Гафури!
СледноМилан со пораз кај Сасуоло!