Завршија првите полувремиња од последните два меча од 30.коло кои се на програмата попладнево.
Во Струга, домашниот состав на Струга ТЛ не успеа да поведе против Брера. Стружани имаа неколку шанси, посебно Малески, но сепак на пауза се замина со тие почетни 0:0.
Во Кавадарци играат Тиквеш и Арсими, а таму резултатот е 1:1. Домашните поведоа со 1:0 со голот на Рамадани во 24.минута, за да Гони пет минути подоцна израмни на 1:1. Инаку од 19.минута Тиквеш игра со играч помалку откако Камара со ног стартуваше во пределот на главата на Гафури. За ова доби директен црвен картон.















